Власта на ДУИ и СДС потврди дека за набавка на апарати за коцкање ќе плати 12 милиони евра. Во време кога велат дека немаат пари за учебници, за повисоки плати, за подобрување на студентскиот стандард, Груби и екипата предвидуваат 12 милиони евра за апарати за коцкање, непосредно пред изборите.
Ако се земат предвид и другите набавки на апарати за коцкање, во последните година дена потрошени се неверојатни 19 милиони евра. Перпарим и Артан се добро уигран тим кога се работи за сомнително трошење на народните пари.
Народните милиони евра ги трошат без усул и од тоа граѓаните и Македонија немаат никаков аир.
За ова мора да има одговорност. Во Македонија никогаш не било полошо и важно е оваа корумпирана клика на ДУИ и СДС да биде поразена.