Јас сум Мустафа Имери, професор-тенор и 15 години раководител на Катедрата на албански јазик во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“, поточно од нејзиното основање. До завчера. Затоа што семоќните владетели одлучија поинаку. Тие ме разрешија затоа што пред неколку дена на социјалните мрежи јавно поддржав поинакво мислење и беше објавена фотографија со еден од лидерите на Европски Сојуз за Промени, Изет Меџити.
Тоа се 15 години неуморна работа, максимална професионална посветеност и едукација на децата од областа на уметноста.
И каква порака е ова за професионалците во нашата земја и дали разбирате колку е низок овој удар и дали разбирате зошто секој ден уметниците и професионалците бегаат од Северна Македонија.
Овој феномен на реваншизам, заплашување, уцени и отпуштања за поинакво мислење, не се случува само во „Илија Николовски-Луј“, туку тоа е реалност во сите институции на државата, и со вакви притисоци секојдневно се соочуваат и административците во институциите и албанскиот бизнис и обичниот граѓанин.
Впрочем, оваа техничка влада наопаку го започна овој 100-дневен период.
Но, јас се чувствувам горд што во оваа битка меѓу неколку политичари во заминување и народот кој бара промени, јас сум на страната на народот.
Почитувани,Вие разрешувате, но народот се обединува, вие се реванширате, но народот се буди.
Доброто во оваа лошотија е што на овој зулум му останаа само уште 90 дена. Ќе издржиме, 8 мај е нашиот ден. Позади параванот, ние со нашиот глас ќе ја разрешиме оваа власт