Ако се бара консензуален кандидат како што сум јас, тогаш би прифатил таква понуда, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи вечерва во интервју за телевизија Алсат, како одговор на новинарско прашање дали би прифатил да биде претседателски кандидат.

– Имам номинација од значителен дел од ограноците во СДСМ. Сега е во тек процес за консултации и тоа треба да заврши со конгресот. Јас имам кажано дека ако се бара консензуален кандидат како што сум јас, тогаш би прифатил таква понуда – изјави Битиќи.

До неодамна, како можен кандидат на СДСМ за шеф на државата, медиумите го спомнуваа и доскорешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и актуелниот претседател Стево Пендаровски.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2024 05:54