Трансформација на македонската економија е она што следи со формирањето на следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Препознатливоста на ВМРО-ДПМНЕ во делот на оданочувањето и економијата се ниските даночни стапки на оданочување, која што политика повторно ќе ја вратиме.
Во такви услови на економско опкружување компаниите олеснето ќе стопанисуваат, а за граѓаните тоа ќе донесе повисок стандард на живеење.
Еден од клучните постулати на програмата е оданочување со ниски даночни стапки на данок на добивка.
Целта на оваа мерка е македонските компании да се стимулираат својата добивка да ја инвестираат, а со тоа придобивките се повеќекратни и исклучително влијаат на растот на економијата.
Фокусот на оваа политика е и да ги мотивираме мултинационални компании да ги дислоцираат своите профитни центри во Македонија. Остварувајќи добивка од работењето и данокот на добивката да го платат во државава.
Фирмите кои ќе остварат добивка од над 50 милиони евра, истата ќе биде оданочена со даночна стапка на данок на добивка од 5%.
Правните лица кои ќе остварат добивка од 30 до 50 милиони евра за една година на истата ќе платат данок на добивка од 6%, а фирмите со остварена добивка од 20 до 30 милиони евра ќе бидат оданочени со данок на добивка со стапка од 8% .
Потребите на секој граѓанин од инфраструктура, градинки, училишта и проекти кои се важни за граѓаните во секоја општина, ќе се реализираат со рамномерен економски развој со средства од државниот буџет кои ќе се релоцираат во општините за финансирање на проекти.
Македонија мора да ја вратиме на патот на раст и развојот.
Да изградиме земја во која нема да има страв од иднината.
Важно е да ја зголемиме продуктивноста.
Важно е да ги намалиме даноците.
Важно е да го подржуваме домашното стопанство.
Важно е да имаме развојна стратегија.