На денешната седница во Собранието се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој што истакна дека разрешувањето на министрите е политичко барање на ДУИ организирано и спроведено од Артан Груби и страв на ДУИ дека опозициониот блок во албанскиот дел се окрупнува како и поради стравот од албанскиот граѓанин кој што сака да го казни ДУИ на изборите.

„Почитувани пратеници на вас ви се обраќам кои што излеговте од сала затоа што не сакате да слушате и да гледате бламажите кои што се случуваат. Пред десет дена аплаудиравте сите вие до еден тука на овие министри и на експозето на техничкиот премиер. За денес повторно да сте тука и да барате разрешување на одредени министри, најмалку ми е важно да ги бранам министрите кои што ги разрешувате бидејќи и тие имаат удел за она што се случува. Проблемот е што ние година дена после 27 февруари и изборот на владата кога Алијанса влезе во оваа влада немаме никакво поместување на државата нанапред“, нагласи Мицевски.

Мицевски посочи дека разрешувањето на министрите во суштина е страв на ДУИ дека опозициониот блок во албанскиот дел се окрупнува, и стравот од албанскиот граѓанин кој што сака да го казни ДУИ на изборите.

„Разрешуваме двајца министри за здравство и за информатичко општество. Од едниот министер слушнавме дека имал огромни опструкции од власта во која што акламација и аплаузи ги внесовте луѓето и ветувавте на граѓаните дека ќе се смената некои работи. Надежта која што ја имаа албанските опозиционери и луѓе кои што својот глас го дадоа за албанската опозиција за промена на ДУИ им ја зедовте со помош како што слушавме на министрите од ДУИ кои што ги кочеле проектите. Талат Џафери испрати едно скудно барање за разрешување на министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу. Очекував да видам што ќе напише во образложението тоа не го добивме денес. Парадоксално како што тоа може ДУИ да го направи а СДСМ слепо да го слуша се наоѓаме на седница која што Талат Џафери ни кажа дека не се однесува на професионалниот аспект и подготвеноста за работа туку основа за разрешување била законската должност односно Пржинската влада, итн. Суштината е стравот на ДУИ дека опозициониот блок во албанскиот дел се окрупнува, стравот од албанскиот граѓанин кој што сака да го казни ДУИ. Непринципиелната политика владина која што ја направивте минатата година завршува непринципиелно и неславно. Лицемерието на оваа власт денес достигна нови димензии и размери. Се изнагледавме политички гимнастики и менување на табори на дневна основа. Секогаш кога владата и мнозинството се на стаклени нозе секогаш настапува ДУИ кои преку своите политики на уцени поткуп корупција притисок и политичка одмазда ја ставаат државата во подредена улога. Што е ова ако не е политичко барање на ДУИ за разрешување на министри организирано и спроведено од Артан Груби“, истакна Мицевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2024 19:22