Лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Биљал Касами вечерва изјави дека наредните денови албанската опозиција ќе го објави името на кандидатот за претседателските избори.

- Овој пат се одлучивме тој да биде политичка фигура, во игра е Таравари, во игра сум јас, набрзо ќе дознаете. Албанците имаат историска шанса нивниот кандидат да влезе во вториот круг на претседателските избори. Тоа го кажуваат моменталните бројки и рејтинзи на партиите, рече Касами во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.

Според Касами, ДУИ нема да излезе со кандидат Албанец.

- ДУИ ја имаше оваа шанса, но ДУИ нема да излезе со кандидат Албанец, а доколку излезе со свој кандидат, тоа ќе го направат затоа што ние ќе излеземе. ДУИ не е тука да ги застапува интересите на Албанците, рече Касами.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2024 05:27