Овој хаос можеше со личните документи можеше да се избегне. Ние алармиравме месеци наназад, прв пат во Собранието ние разговаравме минатата година во март, април. Но, нивната неспособност и криминогеност во МВР не доведе до тоа, до последен ден граѓаните да се под притисок, рече Љупчо Пренџов, пратеник во македонското Собрание од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Аргумент плус што се емитува на телевизија 24.

„Од денес овие луѓе не заробија во Македонија и тоа е огромна неспособност и криминогеност на власта предводена од СДСМ и ДУИ. Во 2018 година беше потпишан Преспанскиот договор и знаеја дека тоа треба да се смени, а тие се до 2021 година нарачувале патни исправи со името Република Македонија. И во изваден документ во 2020 или 2021 година, стои дека ќе важи до 2030 или 2031, а притоа законот вели во февруари 2024 година истекуваат“, кажа Пренџов. Пренџов укажа и на тоа дека власта можеби имала договор и оти за нарачките на тие обрасци биле поради договорена некоја провизија.

„Како и да е. За ова понижување на граѓаните, за овој срам, да мрзнат и да чекаат редови мора да има одговорност“, вели Пренџов.

Пратеникот Пренџов се осврна и на изјавата на техничкиот премиер Талат Џафери во која вели сигурно нема да треба да патуваат сите 650 илјади граѓани во ист ден.

„Ако се работи за болест не може да излезете од државата, а оваа изјава на Џафери ја покажува аздисаноста и одлепеноста од реалноста“, кажа Пренџов.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2024 05:28