ДУИ ќе претстави свој кандидат на претседателските избори, дознава ТВ21 од извори во оваа партија.
Според изворите, на дебата во партијата се поставило прашањето дали кандидатот да биде партиски или непартиски.
Како непартиски имиња се споменуваат Имер Селмани, Абдилменаф Беџети и Беса Арифи.
Но, по исцрпување на дебатата, одлучено е кандидатот да дојде од партијата, а како што информира изворот, најсериозно име е Бујар Османи.