Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари на вонредна прес-конференција во Гостивар ќе ја објави кандидатурата за претседател на државата, како предлог на Претседателството на Алијансата за Албанците, поддржано од Коалицијата Европски сојуз за промени – ЕСП, соопшти вечерва партијата.

-Присутни на прес конференцијата ќе бидат и лидерот на Демократското движење, г. Изет Меџити, на Движењето Беса, г. Билал Касами, на Алтернатива, г. Африм Гаши, како и претставникот на Движењето Самоопределување!, г. Беким Ќоку. Прес-конференцијата ќе се одржи на градскиот плоштад во Гостивар, се вели во соопштението.

Со ова, практично се потврдија информациите кои вечерва кружеа во медиумите, дека Таравари ќе биде предлог-претседател на албанскиот опозициски блок.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2024 04:00