Со концертот на неофолк бендот „Калата“, во Јавна соба во Скопје во сабота, 17 февруари, ќе почне мини фестивалот „Светско, а наше – Саботи на светска музика“.

„Калата“ е неофолк бенд од Скопје, кој прави паралела помеѓу источната и западната култура, со акцент на традиционалната македонска музика.

Од 2018 година, „Калата“ настапува на Д-Фестивал, Пин Музичка конференција и европски фестивали како MMVV (Barcelona) и Balkan Most Festival (Veszprem). „Калата“ е исто така дел од MOST Music Programme – балканска музичка експорт програма, што поддржува светски музички уметници и бендови од Балканот.

Нивниот прв албум „Калата“ кој треба да биде објавен на почетокот на 2024 година, а дел од овој материјал ќе биде претставен и пред публиката во Јавна Соба на 17. февруари.

Членови на „Калата“ се Минела Богдановиќ - вокал, Марија Илиевска - бек вокал, Симеон Ангеловски - бас, Александар Бошков - гитара, Кирил Кузманов - саксофон и Дамјан Грујо - тапани. Следните домашни музички артисти кои се дел од овој проект се Зарина Првасевда со својот бенд, како и Фолтин од Битола.

Овие музички сеанси ќе можат да се купат онлајн на „drugastrana.mk“.

„Светско, а наше – Саботи на светска музика“ е во организација на Јавна Соба од Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2024 14:57