Момче од Неготино ја растеше косата седум години и сега ја донира за перика за деца болни од рак. Станува збор за 11 - годишниот Марио Стојановски кој е среќен што може да израдува некое дете и да му помогне во моментите на борба со болеста.

- Не ми е жал за косата, затоа што знам дека со ова помагам некому што има потреба од поддршка. А косата, пак ќе ми порасне, вели Стојановски.

Неговите родители се среќни што нивниот син донел една ваква хумана одлука и заеднички со него, посакуваат здравје, љубов и среќа за сите луѓе во светот.

Марио Стојановски е ученик во основното училиште ,,Страшо Пинџур" во Неготино.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2024 14:03