Народниот театар „Антон Панов“ утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „Петок 13-ти“ од Жан Пјер Мартинез во режија на Никола Ристов.
Според режисерот, оваа комедија е приказна за една необична и неверојатна вечер во која се судираат среќата и несреќата, љубовта и омразата, пријателството и неверството.
-Приказна исполнета со контрасти, која се занимава со прашањата за значењето на среќата, парите, љубовта, пријателството и моралот. Приказна која покажува дека животот е непредвидлив и дека се може да се промени во еден миг. Иако навистина делува неверојатно, јас ја гледам претставата како вистинска рефлексија на секојдневниот живот на обичниот човек, вели режисерот Ристов.
Сценографија и плакатот се на Филип Коруновски, костимографијата е на Ванчо Василев, а во претставата играат актерите Стојан Велков-Трн, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова и Ванчо Василев.
Како што информираат од Струмичиот театар, билетите за премиерата се продадени, а првата реприза е закажана за в понеделник.