Когнитивни биолози и приматолози од Универзитетот на Калифорнија во САД, Универзитетот на Индијана и Институтот за однесување на животните при установата „Макс Планк“, открија присуство на смисла за хумор кај четири видови човековидни мајмуни. Ова е објавено во научен труд објавен во списанието „Просидингс оф д Ројал сосајети Б“ (Proceedings of the Royal Society B).

Тимот анализираше спонтани социјални интеракции кај мајмуните кои изгледале весело и разиграно, или пак, „благо навредливо“ и провокативно.

За време на овие општења, истражувачите ги набљудувале дејствата на иритантот, движењата на телото, изразите на лицето и како реагирала „жртвата“. Наводите говорат дека орангутаните, шимпанзата, бонобоата и горилите намерно покажуваат однесување често придружено со игриви особини.

Утврдени се вкупно 18 различни вида „весело“ однесување. Многу од нив, се чини, се користат за предизвикување реакција, или барем привлекување на вниманието на другиот. Меѓутоа, за разлика од играта, „закачките“ се еднонасочни, а „насамарениот“ поединец ретко возвраќа.

Фактот дека разиграните закачки со блиските се појавуваат кај различни видови примати, покажува дека предусловите за развивање смисла за хумор, најверојатно, еволуирале кај човековите предци пред најмалку 13 милиони години.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2024 16:27