[photo] Во денешната емисија Објектив на МРТ беше објавена сублимираната анкета на ИПИС за сите шест изборни единици.

На прашањето „за која партија ќе гласате на претстојните избори?“ на ниво на цела Македонија резултатите се 21,8% за ВМРО-ДПМНЕ, 11,7% за СДСМ, 6,2% за ДУИ, 4,6% за Европскиот сојуз за промени, 3,2% за Левица, 2,7% за движењето ЗНАМ, 2,2% за Алијанса за Албанците, 18,2% не би гласале за ниту една партија, 16,6% не сакале да дадат одговор, 1,3% за друга партија, а 11,4% не знаеле или немале одговор.

Врз основа на овие резултати и резултатите по изборни единици кои беа објавени изминатите емисии направена е симулација на освоени пратенички места согласно донтовиот модел.


Анкета на МТВ: ВМРО-ДПМНЕ ќе има меѓу 52 и 54 пратеници што е двојна предност пред СДСМ

Според оваа симулација во парламентот по изборите ВМРО-ДПМНЕ би ја имало најбројната пратеничка група со 52 до 54 пратеници, потоа СДСМ со 26 до 30 пратеници, ДУИ со 14 до 15 пратеници, ЕСП со 10-12 пратеници, АА со 3 , Левица со 5 до 6, а движењето ЗНАМ со 4 до 6 пратеници.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2024 06:53