Прв пат во историјата Бошњаците ќе имаат свој кандидат за претседател на Македонија.

Се работи за Мерсиха Смаиловиќ која ќе биде кандидат на Бошњачки демократски сојуз.

Мерсиха Смаиловиќ е правничка и граѓанска активистка.

Во својот граѓански ангажман активна е на полето на застапување за човековите права, дискриминацијата, родовата еднаквост, правата на етничките групи итн.

Нејзините истражувачки трудови за правата на бегалците, исламофобијата, правата на жените беа објавени во неколку локални и меѓународни публикации.

Таа беше активно вклучена во бројни хуманитарни мисии на глобално и локално ниво.

Мерсиха дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Правниот факултет, а моментално ја подготвува магистратурата по Меѓународно право на истиот универзитет.

Била вклучена во неколку иницијативи за измени на закони и правилници во државава.

Таа е алумнистка на американската организација Vital Voices која е основана од Хилари Клинтон која има за цел едукација и поддршка на жените во политиката.

Мерсиха е родена во Скопје, мажена и мајка на две ќерки.

Таа е сопственичка на компанијата за финансиски и правни услуги НАХЛА КОНСАЛТИНГ каде моментално е со редовен работен ангажман.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2024 04:39