По првпат е откриен птичји грип (H5N1) на копното на Антарктикот, соопштија научниците.

Според британскиот весник „Гардијан“, научниците од базата Примавера, аргентинската научноистражувачка станица на Антарктикот, испитувале два мртви галеба.

Научниците истакнаа дека птичји грип е откриен и кај двата галеба и посочија дека ова се први такви случаи на копното на Антарктикот.

Научниот комитет за истражување на Антарктикот соопшти дека некои случаи на сомнителен H5N1 се пронајдени и во областа Хоуп Беј на Антарктикот.

„Ова откритие по првпат покажува дека вирусот Х5Н1 стигнал до Антарктикот и покрај природните граници и растојанието што го дели континентот од другите области“, се наведува во извештајот на истражувачкиот тим.

Научниците нагласија дека птичјиот грип сè уште се шири низ светот и дека вирусот веројатно е донесен на континенталниот дел од птици преселници.

Милиони птици угинаа од 2021 година поради птичјиот грип Х5Н1.

Антарктикот е континент кој го опкружува Јужниот пол на Земјата. Тоа е единствениот ненаселен континент на Земјата



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2024 05:01