Расте довербата на граѓаните во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додека пак рапидно се намалува кај владејачката СДСМ покажува компаративната анализа на мерење на рејтингот на партиите на Институтот за политички истражувања ИПИС Скопје од јануари и февруари месец која се презентираше во вчерашната емисија „Објектив“ на МТВ.

Расте расположението за промена

На прашањето доколку следната недела има парламентарни избори дали ќе излезете на гласање во изборна единица 1, во јануари дека сигурно ќе излезат на гласање се изјасниле 40.5 проценти, додека во февруари процентот пораснал на 44.8 проценти, односно има зголемување од 4 проценти.

Промена во процентите има и кај оние испитаници кои рекле дека нема шанса да гласаат, односно од 22.2 проценти во јануари, сега во февруари се намалува на 18.3 проценти.

На истото прашање во изборната единица 5, има зголемување во процентот на испитаниците кои би излегле на гласање. Па така споредбено во јануари одговориле дека ќе изгласат 41.1 процент, додека во февруари истиот процент се зголемува за дури 7 проценти односно на 48.6 проценти.

Со одговор нема шанса за гласање процентот се намалил, односно ако во јануари таков одговор дале дури 22.9 проценти дека нема да излезат на гласање, сега во февруари расположението се зголемува односно на 16.8 проценти.

Граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ гледаат победник

На прашањето за која партија сметате дека ќе победи на следните парламентарни избори, повторно во голема предност е ВМРО-ДПМНЕ. Па така, во јануари ВМРО-ДПМНЕ имале процент од 28.1, додека во февруари има процент од 32 проценти, или дури 4 проценти зголемување за само еден месец.

За СДСМ од 8.3 проценти во јануари, во февруари имаат процент од 10.4. Позитива има и кај ДУИ, Левица, Европскиот сојуз за промени, додека Движењето ЗНАМ има пад во првата изборна единица, а Алијанса на Албанците останала на истото ниво.

На истото прашање во петтата изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ има 28.4 во јануари, а 31 процент во феврауари. Додека пак СДСМ во петата изборна единица бележи минус, па така додека во јануари имала 14.2 проценти, сега во февруари има 13.2 проценти.

Мал скок во некој процент има кај ДУИ, Европскиот сојуз за промени, Левица, ЗНАМ и Алијанса на Албанците.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2024 16:56