На прашањето за која партија ќе гласате на претстојните парламентари избори, ВМРО-ДПМНЕ во јануари имале рејтинг од 20.6 проценти, а во февруари 21.1 процент. СДСМ во јануари имал 10.4 проценти, додека во февруари 10.1 процент односно минус за некој процент, покажува компаративната анализа на мерење на рејтингот на партиите на Институтот за политички истражувања ИПИС Скопје

Кај останатите партии ДУИ, Левица, Европскиот сојуз за промени, ЗНАМ, Алијанса за Албанците има прогрес за некој процент во позитивна смисла.

Има намалување во процентот на оние испитаници кои не сакаат да кажат за која партија би гласале односно од 16.8 проценти во јануари, во февруари се намалил за над 3 проценти односно 13 проценти, додека пак се зголемил процентот кај испитаниците кои не сакале да кажат за која партија би гласале, па така од 15.1 процент во јануари, сега во февруари се зголемил на 25 проценти.

И во изборната единица 5, расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Па така во јануари за партијата се изјасниле 19.8 проценти, додека во февруари 22.1 процент. За СДСМ довербата се намалува, односно од 13.6 проценти во јануари, сега во февруари истиот се намалува на 13 проценти.

Во позитивна насока се движат останатите партии ДУИ, Левица, Алијанса за Албанците, ЗНАМ во петтата изборна единици. И тука се намалува процентот на граѓани кои рекле дека нема да гласаат за ниту една партија, а се зголемил повторно процентот на оние кои се уште сакаат да држат во неизвесност односно не сакале да кажат.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2024 16:56