„Драго ми е што сме на почеток на еден изборен циклус за избор на претседател и на премиер, и на Влада на Република Македонија, кои што треба да направат една огромна промена во Македонија. Има моменти во историјата кога треба да се направи пресвртница, овие избори ќе бидат еден таков момент. И сум убеден дека и на 24-ти април и на 8-ми мај изборот на граѓаните ќе е правилен и ќе значи Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседател предложен од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија на тема „Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси на државата“ на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Република Македонија на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас сум познат како еден гласен критичар на работата на Стево Пендаровски, се работи за најбезличниот човек кој што седнал таму. Пет години ќе му останат запаметени по ништо. Веројатно сличен на него е само доскорешниот премиер Димитар Ковачевски кој што месец дена не е премиер, а луѓето не се сеќаваат дека воопшто бил премиер. Така нешто ќе биде и со Стево Пендаровски“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски додаде дека овие пет години освен за аналитички ставови кои што се менуваа како што дуваше ветрот, односно како ќе му јавеа од СДС и од ДУИ, не може да се запамети по ништо друго. „Остана до денес неодговорено каде ја донира разликата од покачената претседателска плата, затоа што нели тој беше најпаметен од сите па во јавност се фалеше дека не му треба разликата од платата и дека ќе ја донира. Ама до денес не покажа каде ја донирал и на кого ги префрлал тие средства кои што нели на него не му требаат“, потсети тој.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека Стево Пендаровски ќе веројатно ќе биде заборавен не подоцна од еден месец откако ќе му заврши функцијата.

„Ова обраќање ќе го завршам со уште едно прашање до него, еве 2019-тата година во кампања за претседател велеше дека кога ќе му заврши мандатот за претседател нема да ги користи привилегиите кои што ги следуваат поранешните претседатели на Македонија. Не сум го слушнал во овие години да го повтори тоа што го кажуваше во 2019-тата. А, имајќи в предвид дека е релативно млад и му посакувам добро здравје и долг живот, би сакал да го прашам дали можеби ќе поранешниот претседател кој што најмногу ќе потроши од буџетот на Македонија и на граѓаните бидејќи најдолго ќе ги користи привилегии имајќи в предвид за каква дволична личност се работи“, праша Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2024 18:21