Најдобар доказ за ова е што Стево Пендаровски беше единствен шеф на држава кој што беше доволно наивен, нема друг израз, или сакаше можеби да се пофали колку е тој значаен и информиран итн., кој што во јавноста изнесе класифициран брифинг на НАТО Алијанса во однос на случувањата во Украина“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната партиска конвенција за избор на претседателски кандидат.
- Да ве потсетам, Стево Пендаровски кажа дека уште во ноември месец него му кажале, како и на останатите шефови на држави и влади, дека се спрема напад на Украина од страна на Русија во февруари месец, а тоа гордо го кажа во јавноста. Иако тоа можеа да го кажат и францускиот претседател и германскиот канцелар и британскиот премиер, Стево беше најпаметниот тоа да го соопшти во јавноста, вели Николоски.
Николоски потенцираше дека после овој дипломатски скандал, Пендаровски е изолиран претседател и скоро никој од земјите членки на ЕУ и Нато не преферира да се сретне со него.
- Ако сте забележале, после овој инцидент, до денес, освен со Претседателот на Албанија и Претседателката на Косово, Стево Пендаровски се нема сретнато со никого. Односно после овој инцидент, сите пристојни лидери на држави земји членки на Нато и Европската Унија избегнуваат средби со него, па дури и функционери на пониска позиција, затоа што се плашат дека утредента на вести ќе каже што зборувал со нив, додаде Николоски.