Мојата оцена е дека Гордана Силјановска Давкова во моментот е најдобриот можен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и секако многу подобар она што ривалите го нудат на овие избори, истакна Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во Радио Лидер.
Клековски во текот на своето гостување се осврна и претходната како и на сегашната кандидатура на Силјановска Давкова и објасни што е она што ја прави нејзе подобар кандидат.
-Она што мислам дека прави голема разлика од минатата кандидатура и сегашната е четиригодишниот мандат на Силјановска во Собранието, затоа што тоа е секојдневна работа, сте вклучени во законодавниот дом каде што се носат законите, каде што се дискутира за политиките, каде што ги запознавате луѓето. Исто така плус сте и во некоја комисија за односи со некое друго собрание-имате комитети заеднички со Шведска и додавате едно портфолио на лични комуникации, кажа тој и додаде: -Она што за мене е неприкосновено и пред 5 години и сега е дека Гордана Силјановска Давкова е подобра од она што ќе биде понудено или веќе е понудено од другата страна и како интелект и како интегритет.
Клековски укажа дека говорот на Силјановска Давкова на конвенцијата бил говор кој долго време се нема слушнато од кандидат за оваа функција.
- Сите го слушнавме говорот на Силјановска Давкова на конвенцијата и јас мислам дека јас долго од кандидат за таа функција немам слушнато толку содржајно обраќање. Таа толку добро го владее уставот и проблемите што произлегуваат од уставот, истакна Клековски.
На крај Клековски потенцираше дека тој е сигурен дека Силјановска Давкова нема да кажува и употребува лаги како Пендаровски.
-Јас сум сигурен дека Гордана Силјановска Давкова нема да лаже како Стево Пендаровски. Еве последната изјава на Пендаровски дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги впиши Македонците во бугарскиот устав он ќе станел член на ВМРО-ДПМНЕ. Јас одговорно тврдам дека и можеме да пребараме во архивите дека нема никаде изјава и став на ВМРО-ДПМНЕ дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да ги впиши Македонците во бугарскиот устав. Барање на ВМРО-ДПМНЕ е да Бугарија покаже минимум политичка волја и да дозволи слободно организирање на организациите на Македонците од Бугарија, согласно меѓународни договори, значи не бараме ништо нереално и невозможно, порача Клековски.