На 24-ти април и 8-ми мај ќе победи чесна и намачена Македонијa, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој денеска официјално беше промовиран во носител на листата во изборната единица 4, каде што беше и минатите избори и каде што оствари најдобар резултат.

- Ќе победиме заедно со секој еден од вас што е против криминалот и корупцијата, што сака средена држава и силна економија!

Ја имам честа да сум НОСИТЕЛ на листата на ВМРО-ДПМНЕ за ЧЕТВРТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА! Ќе победиме со најдобар резултат во историјата на демократските избори во Македонија!

Ќе бидам секој ден со вас, со младите и старите, со земјоделците, работниците, пензионерите, малите и средни претприемачи, професорите и студентите!

Победуваме!, напиша Николоски на фејсбук



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2024 16:20