НУ Центар за култура Битола вечер организира премиера на краткометражниот филм „Амин“ во режија на Марија Јанковиќ.

Во филмот реализиран од ,,Генерал Филм Студио“ од Скопје играат битолските актери Петар Горко, Маја Андоновска – Илиевски и Петар Мирчески.

Продуцентот на краткометражниот филм е Дарио Јанковиќ, директор на фотографија е Кристијан Теодоров, а музиката е на Димитар Андоновски, соопштија од НУ Центар за култура-Битола. Влезот на премиерата на филмот е слободен.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2024 14:33