Под мотото „Францускиот јазик ги отвора вратите ширум светот“ синоќа во преполната сала на Националната установа Центар за култура Крива Паланка се одржа дванаесеттата по ред франкофонска вечер во организација на професорката по француски јазик и амбасадор на францускиот јазик во земјава, Елена Николовска од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски“, Крива Паланка.
Гости на вечерта кои беа Камил Ферари, претставник од Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, одговорна за промоција на францускиот јазик и Кети Димковска, советник по француски јазик во Бирото за образование на Република Северна Македонија.
Оваа вечер обедини шеесет млади франкофони ученици од централниот објект на основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски“ и подрачните училишта од Дурачка Река и Жидилово, кои рецитираа, драматизираа и пееја на француски јазик, што ги отвора вратите ширум светот.
-Неуморните франкофонски од нашето училиште, уште еднаш се истакнаа со своите јазични компетенции на француски јазик. Во Крива Паланка една ваква манифестација што ги промовира францускиот јазик и култура се одржува секоја година по ред, почнувајќи од 2013 година,а на моја иницијатива и сѐуште опстојува, пружајќи им можност на сите ученици што го изучуваат јазикот да се претстават со своите способности пред пошироката јавност. Оваа година тоа го препозна нашиот сограѓанин кој живее и работи во Париз, но никогаш не ги заборава нашите млади таленти, г-дин Ненад Коцевски кој со компанијата „ГДР Компани“ е генерален покровител на настанот. Благодарност до сите присутни на настанот што ги проследија перформансите на учениците, изјави професорката Николовска.
По настапот се одржа коктел за учениците во Eвропската куќа Крива Паланка, каде беа доделени пофалници и награди за учениците. Националната франкофонска вечер 2024 ќе се одржи во Делчево, на 27 март