АРМ треба да се модернизира, но набавка од 250 милиони евра пред избори не смее да има, идната влада треба да одлучува по тоа прашање.

Купувањето на опрема за АРМ е работа која СДС и ДУИ имаа 7 години да ја прават, а не на два месеци пред избори да трошат 250 милиони евра.

Набавката на хеликоптерите е процес за кој треба да одлучува новата влада по изборите, а не истрошената влада на СДС и ДУИ кои немаат план за државата.

Власта не кажува како се одбрани токму тие хеликоптери и зошто транспортни, а не борбени?

За набавка на опрема за АРМ треба да има јасна постапка за потребите и долгорочните цели.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ вистински ќе вложува во Армијата, а не како СДС и ДУИ 7 години.

Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2024 11:21