Американскиот производител на компјутерски чипови Нвидиа денеска соопшти дека следната генерација графички процесор со вештачка интелигенција (ВИ), наречен Blackwell, ќе чини помеѓу 30.000 и 40.000 долари по единица.

Извршниот директор Џенсен Хуанг процени дека Нвидиа потрошила околу 10 милијарди долари на трошоци за истражување и развој за споменатите чипови, јави Си-Ен-Би-Си. За чипот најверојатно ќе има голема побарувачка за софтвери за вештачка интелигенција како што е ChatGPT.

Новиот графички процесор ќе има цена во сличен опсег на неговиот претходник, H100, кој чини помеѓу 25.000 и 40.000 долари по чип.

Генерацијата „Hopper“ беше претставена во 2022 година и беше значително поскапа од претходната генерација на чипови со вештачка интелигенција на Нвидиа.

Американскиот производител на чипови најавува нова генерација чипови со вештачка интелигенција приближно на секои две години, а најновите, како оние на Блеквел, се побрзи и енергетски поефикасни, се комбинација од два чипови и се физички поголеми од претходната генерација.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2024 04:26