Годинава пролетта почна денеска, во 04:06 часот, додека во исто време започна есента за жителите на јужната хемисфера.

Годинава пролетта започна на 20 март, а ќе трае до 20 јуни кога започнува летото. По зимата, часовникот се поместува кон летно сметање на времето. Додека на северната хемисфера е пролет, на јужната хемисфера е есен и обратно, така што нема датум за почеток на оваа сезона кој би бил универзален за сите делови на светот.

Земјата не се движи со постојана брзина во својата елипсовидна (овална) орбита, така што годишните времиња не се со еднаква должина. Пролетта во просек трае 92,8 дена на северната хемисфера и 89,8 дена на јужната хемисфера.

Пролетта започнува во Македонија секоја година со преминувањето на Сонцето на северната хемисфера. На тој ден Сонцето изгрева на исток и започнува рамноденицата, односно и денот и ноќта ќе траат точно 12 часа.

Денот постепено станува подолг од денот на зимската краткоденица на 21 декември и продолжува да се зголемува до почетокот на летото.

Претходно, училиштата учеа дека сите годишни времиња, освен есента, започнуваат на 21 во месецот. Но, пролетта веќе неколку децении пристигнува еден ден порано, на 20 март. И тоа се должи на два различни методи за одредување на почетокот и крајот на годишните времиња - календарски или метеоролошки.

Во што е разликата?

Календарскиот почеток на пролетта се нарекува и астрономски почеток на пролетта. Бидејќи календарските сезони се одредуваат според положбата на Земјата во однос на Сонцето и одговараат, така да се каже, на „природните“ годишни времиња.

Во метеорологијата, годишните времиња секогаш започнуваат на првиот ден од соодветниот месец. Тие ја делат годината на четири фиксни сезони од по три месеци. Метеоролозите ја користат оваа вештачка класификација за да создадат четири константни сезони и да работат со споредливи временски периоди.

Во стариот Рим, првиот ден од пролетта се славел како почеток на новата година. Долго пред Римјаните, Келтите го славеле првиот ден од пролетта како воскресение на Сонцето. За многумина пролетта значела будење, создавање и раѓање на нешто ново.

Најпознати предвесници на пролетта се раната јаглика, кокичето, водениот крин, нарцис, темјанушки и други



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2024 13:50