Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола, организаор и домаќин на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ соопшти дека годинешни добитници на наградата Гран-при за најдобро училиште и најдобра колекција за светската детска ликовна изложба се учениците од уметничкото студио „Јео Чу“ („Yeow Chye Art Studio" ) со кои раководи Ченг Јео Чу од Пенанг, Малезија.

Организаторот одлучи наградата „Професор Коста Хаџи-Антоновски“ која се доделува за глобална промоција на организираната форма на оценување и грижа за уметничкиот талент кај младите ликовни уметници и талентирани студенти да ја додели на Алдона Качмарчик Колучка од Рубник, Полска, потоа награда „Бисер на уметноста“ за особен напредок на студент – поединец во неговиот развој и уметнички опус се доделува на Јали Алперт од Лапид, Израел, додека награда „Професор доктор Богомил Карлаварис“ за животно дело и најдобар професионален пристап кон едукација и негување на уметнички талент кај младите уметници и талентирани студенти годинава се доделува на Вејсел Аџар од Трабзон, Турција.

Од ДЛС „Св. Кирил и Методиј“ информираат дека годинава со свои ликовни творби учествувале над 800 приватни и државни школи од 80 земји кои формираа фонд од над 50.000 детски ликовни цртежи од скоро 45.000 млади ликовни уметници од цел свет, а на колонијата во Битола че гостуваат 24 делегации од 22 држави во светот со над 150 ученици и ликовни педагози.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2024 15:46