Селекција на класици на словачката кинематографија од периодот на комунистичка Чехословачка, најавува Кинотека. Во рамки на Ретроспективата на словачкиот класичен филм што почнува во сабота, на 23 март, ќе бидат прикажани играни, документарни, анимирани и кратки филмови.

Според Кинотека, станува збор за филмови кои се репрезентативни за развојот на словачкото кино и кои оставиле огромно влијание врз современите словачки филмски автори или стекнале култен статус.

-Ретроспективата е навистина ретка можност за македонската филмска публика да добие суштински увид во историјата на една релaтивно блиска кинематографија, како словачката. Се работи за разновидна и возбудлива селекција на филмски лектири од различни видови и жанрови, наведува Кинотека.

Ревијата е организирана со помош на Словачкиот Филмски Институт и Словачката амбсада во Скопје, а ќе трае до петок, 29 март.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2024 13:58