Нова изложба насловена „Невидливи светови“ на Киро Урдин е отворена синоќа во Хајде, во близината на Антверпен, која ја реализира интернационалниот галерист Клаус Пас.

По минатогодишната успешна презентација на неговите уметнички дела во светот - во Zvarte Panter (Антверпен), El Espacio (Мајами), African Heritage Cultura Arts Center ( Мајами), Art Galery Constantin Brancusi (Мајами), Palace of the Parlament ( Букурешт), Museum National of Literature ( Букурешт), MNB National Museum Brukenthal ( Сибиу -Романија), сега неговите креации ќе можат да ги видат љубителите на уметноста во Белгија.

Изложбата ќе биде отворена до 12 мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2024 15:15