Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за комунални дејности, Благоја Ѓорѓиевски по повод почетокот на пролетта и Денот на екологијата направија обиколка на локациите каде се спроведува голема еколошка акција за чистење и уредување на јавните површини.

Градоначалникот Муцунски на својата Фејсбук страна нагласи дека луѓето се најсилниот потенцијал, а благодарение на посветеноста на комуналните работници општина обезбедува континуитет во одржување на чиста, средена и зелена средина.

Активностите за пролетно расчистување на Аеродром продолжуваат и во следниот период



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2024 18:06