Во тензична атмосфера се одвиваа денешниот Централен и Извршен одбор на СДСМ пред почетокот на Конгресот на партијата вечерва.
Се разгледуваа предложените пратенички листи по исборни единици од страна на претседателот на партијата Димитар Ковачевски.
Реакции имаше многу, а голем број познати лица на СДСМ кои изминатите години беа експонирани ги нема на листите или се на недобитни позиции.
Како што дознава ТВ 24 , портпаролот на партијата и пратеник во сегашниот состав од редовите на СДСM Дарко Каевски револтиран од својата позиција на предложената листа побарал неговото име да се избрише.