Македонскиот народен театар, по повод 27 март, Светскиот ден на театарот, за љубителите на театарската сцена организира две бесплатни претстави.

Првата е детско-младинската претстава „Силјан Штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра на малата сцена на 30 март во 12:00 часот.

Втората бесплатна е претставата „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, која ќе биде со вечерна изведба на 6 април со почеток во 20:00 часот.

Од НУ Македонски народен театар, ги повикуваат љубителите на театарот да повелат на театар и ги информираат дека Гратис билетите ќе се подигнуваат пред почетокот на изведбите.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2024 17:12