Концерт со грчка музика со Клеоники Демири се одржа синоќа во Националната опера и балет, во рамки на одбележувањето на годишнината на националниот празник на Грција - 25 Март.

Како што информира Амбасадата на Грција во Скопје, која е организатор на концертот, Клеоники Демири беше придружувана од Ахилеас Вастор на клавир, Димитрис Куфојоргос на мандолина и бузуки и Лефтерис Гривас на хармоника.

- Публиката уживаше во богатата музичка програма што се протегаше низ грчката музичка продукција, почнувајќи од грчката традиција до делото на големите современи грчки композитори, се вели во соопштението од Амбасадата на Грција.

Покрај концертот, се одржал и прием во Националната опера и балет, на кој присуствувале министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, евроамбасадорот Дејвид Гир, претставници на политички партии, дипломатскиот кор..



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2024 17:58