Синоќа, во емисијата Клик Плус на ТВ21, лидерот на Демократското движење Изет Меџити, меѓу другото, за прв пат даде до знаење дека како и многу други граѓани, така и функционери на ДУИ, имено кандидатот за претседател Бујар Османи и заменик премиерот Артан Груби изградиле диви или нелегални објекти и истите подоцна ги легализирале.

„Вечерва за прв пат ви кажувам дека кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, и јас како градоначалник му ја легализирав нему како и на многу други граѓани, па наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за м2, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво.“

„Артан и неговите браќа имаат изградено доградба на станови, во Чаир, речиси половина зграда на диво ја изградиле и истите се легализирани.“

Демократско движење



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2024 18:14