ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страната на правдата и затоа како партија која застанува со народот поднесуваме кривична пријава против Кристина Крлеска-Деспотоска, раководител на Централен регистар Охрид и лица вработени во Агенција за вработување на РМ во Охрид.

Врз основа на ЗКП на РМ поднесуваме кривична пријава поради основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело согласно чл. 353 од КЗ на РМ ,,Злоупотрба службена положба и овластувања“, ,,Фалсификување службена исправа“, согласно член 361 од КЗ на РМ, ,,Фалсификување или уништување деловни книги“ по член 280 од КЗ на РМ, ,,Употреба на исправа со невистинита содржина“, огласно чл. 380 од КЗ на РМ, ,,Поднесување лажни докази“ согласно чл. 366, а од КЗ на РМ.

Пријавените при изборот на претседателот на СДСМ Охрид, Кристина Крлеска-Деспотоска за раководител на Централниот регистар во Охрид постапиле незаконито.

Крлеска-Деспотоска да одговори дали ги исполнува условите согласно Јавниот Оглас објавен за избор на Одговорно лице за работење – Раководител каде кандидатот треба да има завршено високо образование Правни или Економски науки со најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен и најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку ЕДНА ГОДИНА НА РАБОТНО МЕСТО ВО ЈАВЕН СЕКТОР?

Јавноста треба да знае дека согласно евиденцијата од Агенцијата за вработување Претседателот на СДСМ Охрид, нема доволно работно искуство во струката на работно место во јавен сектор. Нека демантира веднаш дека пријавените поединечно или заедно успеале да го заобиколат системот и да каже дали како Претседател на СДСМ Охрид, Кристина својата партиска позиција ја има искористено за вршење притисок во Агенцијата за вработување, односно работното искуство кое го има стекнатo како ПОМЛАД РЕФЕРЕНТ ЗА ПЛАН И АНАЛИЗА, да го запише како ЕКОНОМИСТ ЗА АНАЛИЗА И ПЛАНИРАЊЕ?

Дали и за ова ќе каже дека не е вистина претседателката на СДСМ Охрид, која согласно нејзиниот договор за вработување во ЈП „Охридски комуналец“ од 09.05.2012 година до 10.11.2017 година е на работно место РЕФЕРЕНТ ПО ПЛАН И АНАЛИЗИ, а по завршување на нејзиниот мандат како Директор на ЈП „Градски пазар“ од 12.11.2021 година повторно се враќа на позицијата ПОМЛАД РЕФЕРЕНТ ПО ПЛАН И АНАЛИЗИ?

И во двата случаи работното искуство кое го стекнува претседателот на СДСМ Охрид е со СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ. Во случајот со јавниот оглас за избор на раководител на Централен регистар Охрид, потребно е минимум 4 години работно искуство во струката (што подразбира работно искуство на работно место за кое е предвидено високо образование) од кои најмалку една година работно искуство во јавен сектор.

Што се однесува на работното искуство на Крлеска Деспотоска како Директор на ЈП „Градски пазар“ тоа не се смета за искуство во јавниот сектор, согласно Член 2 , Став 3 од Законот за вработени во Јавниот сектор, кој кажува дека:

„Функционерите, односно лицата кои добиле мандат да извршуваат функции во извршна или судската власт преку избор или именување од Собранието на Република Македонија или од органите на локалната власт , како и други лица кои согласно со закон се избрани или именувани на функција од носителите на законодавната, извршната или судската власт, во смисла на овој закон, не се сметаат за вработени во јавниот сектор“.

Ја повикуваме Крлеска Деспотоска да одговори пред јавноста:

- Дали Трудовиот инспекторат на Р.М констатирал неправилности при нејзиниот избор и дали повел кривична постапка против комисијата која ја спроведувала постапката?

- Дали Директорот на Централниот регистар на Р.М за да се заштити себеси и комисијата која ја спровела постапката за избор има поднесено кривична пријава против Крлеска Деспотоска заради поднесување лажни фалсификувани докази?

Бараме веднаш надлежните институции да постапат согласно законите за изборот на Кристина Крлеска-Деспотоска за Раководител на Централен регистар Охрид кој е НЕЗАКОНСКИ.

Бараме веднаш пријавата да се разгледа, да се отвори случај и согласно своите законски ингеренции да ги преземат сите потребни законски мерки.

Јавно ја повикуваме Крлеска-Деспотоска доколку овие наводи се лажни и невистините веднаш да ги демантира, а не да се крие зад партиски соопштенија по социјалните мрежи.

Оваа власт мора час поскоро да замине од политичката сцена, за конечно во Македонија да почнат да се почитуваат законите, кои ќе важат подеднакво за сите!

Време е да победи правдата, време е да има одговорност, време е да ја вратиме државата на народот!



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2024 00:45