Во Росоман сум од вчерашниот инцидент кога активист на СДСМ близок на градоначалникот на Росоман оштети возила на членови на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е акт на паника – објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

- Кај ВМРО-ДПМНЕ насилство и заплашувања не поминуваат!

Ќе ве победиме, а потоа сите ќе одговарате за криминалот и корупцијата во кој сте навлезени. Нема попуштање, истакна Николоски



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2024 01:23