Францускиот напаѓач Оливие Жиру постигна вербален договор со американскиот фудбалски прволигаш Лос Анџелес.

Жиру (37) во моментов настапува за италијанскиот клуб Милан.

Договорот на Французинот ќе биде до декември 2025 година, пренесува експертот за трансфери Фабрицио Романо на социјалните мрежи.

Лос Анџелес во октомври лани пројави интерес за услугите на Жиру, а клубот од американската МЛС лига претходно оваа недела испрати официјална понуда до фудбалерот.

Досега двете страни немаат потпишано договор, но наскоро соработката ќе биде официјализирана.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2024 04:22