Последната анкета спроведена во месец март од страна на ИПИС покажува дека расте бројот на испитаници кои сметаат дека треба да има промена на власта.

Имено во изборната единица еден, 64,2% од испитаниците сметаат дека треба да се промени актуелната власт, што е повеќе отколку во февруари и јануари кога процентите биле 62,4 и 59,4%. Од анкетираните во март само 13,3% се изјасниле дека актуелната власт треба да остане, што е намалување во споредба со претходните два месеци кога на истото прашање така одговориле 16,9% и 14,8%.

Во мартовската анкета објавена во емисијата Објектив на МРТ 22,6% одговориле не знам или немам одговор.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2024 04:33