Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека очекува во вториот круг на претседателските избори да влезат повторно Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, и дека убедливо ќе слави Силјановска-Давкова.
Николоски кажа дека е добро што Пендаровски повторно се кандидирал за претседател.
„Мислам дека е подобро што Пендаровски повторно се кандидираше за претседател да види што мисли народот за него. Ќе беше многу кукавички да избегаше и да се сокриеше, а вака ќе види што мислат за него. Само јас се надевам дека ќе го исполни ветувањето кое го даде, а тоа е дека кога ќе заврши со функцијата претседател, дека нема да бара привилегии кои му следуваат на секој претседател. Ете, тоа е едно ветување кое го даде, па да видиме дали ќе го исполни“.