Со промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ на авторот Љупчо Јолевски, почнува седмото по ред издание на меѓународниот Џез Фактори Фестивал.

Во периодот од 3 до 6 април, во Битола ќе се одржат девет концерти и пет придружни културни настани, изјави за МИА, Неда Маретиќ, портпарол на фестивалот.

-Првиот концерт ќе го одржат Јулиа Сиедл Трио од Австрија и Николас Гардел Трио од Франција, а пред публиката во Битола ќе настапат Гоце Мицанов Трио, потоа гости од Полска, Грција и Србија. На последниот ден ќе се одржи работилница за изработка на гитари на Ивица Јорданов, посочи Маретиќ.

Според програмата, на фестивалот ќе биде доделена награда „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2023 година.

Фестивалот се организира под покровителство на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, потоа Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Полска, Амабасадата на Австрија и Генералниот Конзулат на Грција во Битола, потврдија организаторите на Џез Фактори Фестивал-Битола



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2024 12:57