Во Галерија „Рудиќ“ денеска од 19 часот ќе биде поставена клупска изложба на фотографии, „Елема 2024“, која го означува творечкиот континуитет на Фото клубот „Елема“ низ годините на своето постоење и промовирање на фотографската уметност.

На изложбата, како што е најавено, ќе бидат изложени фотографии на реномирани македонски автори како што се Раде Луковиќ, Дејан Гилевски, Кирил Штрков, Вацлав Лукиќ, Цветан Гавровски, Владимир Арсовски, Катарина Николов, Драгољуб Николовски и Боро Рудиќ.

Како што информираат од „Елема“, првата годишна клупска изложба ги најавува идните активности на Клубот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2024 18:11