Пуштена е во употреба првата катна гаража на улицата „Ванчо Прќе“, која се наоаѓа зад Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Градоначалникот Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека во првата катна гаража се инвестирани околу десет милиони денари.

-Рационално го уредивме овој простор, за паркирање на две нивоа. Станува збор за едно сообраќајно решение, со кое се дуплираа паркинг позициите и на оваа површина имаме корисни 55 паркинг места, кои веќе се во функција. Повеќе од десет милиони денари се инвестирани од буџетот на Општина Штип, од парите на граѓаните, вели Јорданов.

Тој најави дека во текот на годината ќе се работи и на три локации, кои ќе бидат уредени, како катни гаражи во централното градско подрачје.

-Ќе се уредува паркинг простор на две нивоа, едната е веќе започната, веднаш до Стоковна куќа „НАМА“ и првата станбена зграда. Планираме во текот на оваа година да се започне и кај зградата „Промаја“, а којашто ќе биде паркирање на три нивоа, рече Јорданов.

Посочи дека општината со изградбата на новите катните гаражи ќе обезбеди повеќе од 150 паркинг места во централното градско подрачје, со што ќе може и да се реализира и проектот улицата „Ванчо Прќе“ да биде пешачката зона. Овој проект очекува да почне со реализација во втората половина на 2024 година.

Прашан за градежните активности на катната гаража кај Стоковната куќа „НАМА“ кога ќе почнат, Јорданов со одговор дека денеска или утре очекува да се отсрани подземната цистерната со нафта на оваа површина, по што економскиот оператор ќе почне со градежните активности. Вредноста на оваа катна гаража е околу пет милиони денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2024 01:09