Разбирање и прифаќање е се што сакаме, порачаа од Центарот за поддршка на децата со аутизам, по повод одбележувањето 2 април- Меѓународниот ден на лицата со аутизам. Во штипското Општинско основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“ денеска се организираше активност во која учествуваа ученици од паралелките за посебни потреби и ученици од редовната настава од (ООУ) „Ванчо Прќе“.

Борче Петревски дефектолог во ООУ „Ванчо Прќе“ посочува дека целта на ова дружење е да се помогне во надминување на стереотипите и социјализацијата кај децата со потешкотии при развојот.

- Денес преку активност на тема „Да засадиме во сино“, центарот за подршка на учењето, го одбележа 2 април- Меѓународен ден на лицата со аутизам. Учество на оваа активност зедоа ученици од посебните оделениа, ученици од редовна настава од второ и четврто одделение од нашето училиште. Целта на ова дружење е да се помогне на децата со аутизам да се дружат со своите врсници, да се помогне на нивна социјализација и надминување на стереотипите кои постојат кај лицата со потешкотии со развојот, изјави Петровски.

Тој истакна дека поддршка добиле и од локалната самоуправа на Штип, со вредносни ваучери, а активноста се реализираше во училишниот двор на училиштето каде дечињата засадија цвеќиња во форма на срце.

- Учениците во училишниот двор сите заедно упативме порака за подигање на јавната свест кон лицата со потешкотии во развојот, а со тоа децата засадија цвеќиња во форма на срце. Разбираање и прифаќање е се што сакаме и да и бидеме постојана подршка, рече Петровски.

Зоран Мијалков, познат граѓански активисти и родител на две деца со аутизам вели дека потребна е рана детекција и да се има регистер. Според него, бројот на нови случаи на деца со аутизам постојано расте, но какошто вели тој број е непознат, бидејќи регистри нема, родителите стареат, а на децата нема кој да им даде грижа.

-Ние во суштина 1 април го сметаме како ден на лицата со посебни потреби затоа што со години се лаже дека нешто ќе се направи. Како може да се вети решение на нашите проблеми, кога нас не не консултираат? Еве и да не консултираат ние немаме регистри, не се знае колку деца со аутизам има, оти нема регистри, вели Мијалков.

Тој додава дека како родител на деца со аутизам е многу тешко да се помине денот и да се надминат сите предизвици со кои се соочуваат.

-Тешко е, бидејќи еве во мојот случајо конкретно ако не е мајка ми јас треба да напуштам работа. Тоа значи дека од работоспособен ќе бидам социјален случај. Затоа ќе им порачам на сите родители кои имаат мали деца со аутизам мој совет е да се иселат во некоја нормалана земја, вели Мијалков.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2024 01:42