Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека од седумте вчерашни активни пожари, по утринскиот ангажман за нивно локализирање и гаснење, на терен има уште два активни пожара.

- Конкретно, тие се во општина Кичево - кај селото Ново Село, каде што гори шума и во општината Гостивар - кај селата Дебреше, Митрови Крст и Трново во реон на месноста „Пеклишта“, тука гори борова шума и мешана шума, се наведува во соопштението на ЦУК



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2024 15:11