Владата, на предлог на Министерството за одбрана, на денешната 13-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Македонија заради учество на вежбата „Resolute Castle 24“ и донесе таква Одлука.
Вежбата, како што е образложено, е дел од Планот за организација и учество на Армијата на Република Северна Македонија на вежби од меѓународен карактер за 2024 и 2025 година и е во организација на Командата на Вооружените сили на САД за Европа и Африка. Вежбата е предвидено да се реализира на Армискиот полигон „Криволак“, во период од 12 април до 19 јули 2024 година, со учество на 270 припадници од Вооружените сили на САД и 70 припадници на Вооружените сили на Кралството Норвешка, а Армијата ќе учествува со 60 припадници.
-Полноправното членството во НАТО побарува активно учество во заедничките вежбовни активности со што се зголемуваат и одбранбените способности на Алијансата за одбрана и одвраќање, во рамки на коишто е и оваа вежба, посочуваат од владината прес-служба.
Владата, исто така на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата за учество на вежбата „Saber Strike 24“ во Сојузна Република Германија и во Република Полска.
Вежбата ,,Saber Strike 24“ е во организација на Европската команда од вооружените сили на САД, на којашто покрај припадници од вооружените сили на САД, учество е предвидено да земат и претставници од Обединетото Кралство, Германија, Полска, Хрватска, Холандија, Италија, Литванија, Белгија, Шпанија и Чешка. Вежбата, според ресорното министерство, ќе придонесе за обновување на стекнатите знаења и стекнување со дополнителни знаења на персоналот на Армијата, за подготовка на единици за извршување на здружени мултинационални операции