Кога ќе ја погледнете оваа убавина веднаш ќе се запрашате што ја прави плажата да биде розева ? Дали е тоа оптичка илузија , трик на морето и светлината? Дали се тоа искршени милиони ситни парчиња корали? Овие магични плажи се сочинети од микроорганизмот foraminifera, кој всушност има розева-црвеникава школка, а песокта е мешавина од корали, школки и калциум карбонат. Постојат само неколку розеви песочни плажи на земјата, а нивната реткост исто така се вбројува во магичната убавина која тие ја поседуваат. Неколкуте најубави розеви плажи претставуваат неверојатно атрактивни туристички дестинации во светот, додека секоја од нив е уникатна на свој специфичен начин.

1.Заливот на потковицата,Бермуда

Оваа плажа го добила своето име од нејзината форма на потковица, претставува рај во кој убавата розева песочна обала се соединува со сините води на Атлантскиот океан. Заливот нуди добри можности за нуркање, но сепак истото се препорачува само за одличните пливачи. За време на летната сезона местото има голема туристичка посетеност, додека во вонсезоната посетителите можат да уживаат во мирот кој го нуди оваа прекрасна плажа и магичните зајдисонца.

2. Островот Харбор, Бахамас

Ниту една од безбројните убави плажи на островот, не примамуваат како чудесната обала на плажите со розев песок на овој мал остров. Магијата на овој корален песок под топлото сонце на Карибите се неодоливи, како за локалните жители така и за посетителите. Љубителите на плажите можат секојдневно тука да уживаат во совршените сцени на плажата, додека палмите се нишаат на нежниот островски ветар, а тиркизното море се спојува со розевиот песок на брегот.

3. Плажата на заливот Балос, Крит, Грција

Оваа плажа често се опишува како чудо на природата исполнето со егзотични предели, пејзажи на неспоредлива убавина, син рај. Песокта на овие плажи е бела, измешана со розеви предели од ситниот кршен прав од школките. Заливот нуди можност за мирна прошетка покрај морето, пливање во кристалните води со боја на сини смарагди и уживање во дивата убавина на природата.

4. Спагиа Роса, Сардинија

Плажата се наоѓа во северо-источниот предел на Сардинија, на еден од островите на архипелагот и има површина од само 1.6 квадратни километри. Плажата го носи своето има заради розевата корална боја на песокта како резултат на бројни школки и малку фрагменти од црвени корали. Сепак посетата на плажата е забранета бидејќи туристите го собирале и земале песокот , затоа на оваа убавина може да се восхитувате од морето (ако патувате со некое убаво крстарење).

5. Комодо, Индонезија Розевата плажа или pantaimerah, како што е наречена е една од најубавите розеви плажи на планетата и е само една од многуте неверојатни карактеристики на островот Комодо, кое го прават вистинско чудо на природата. На островот можете да уживате во совршената панорамска сценографија сочинета од тиркизно море, зелени ридови и фасцинантен розев песок, како и да уживате во морската убавина што плажата има да ја понуди.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2024 05:34