Сеуште близок до минатите векови и селските навики, балканскиот менталитет се издвојува од остатокот на светот. Повеќе ни штети отколку што ни користи, често носејќи ни негативности, но и покрај се не развеселува и засмејува. Кога во споредба со остатокот од светот би издвоиле некои балкански обичаи и традиции, би добиле некои со кои навистина се гордееме, но и оние кои засекогаш треба да ги заборавиме.

Плукање по улица

Иако не сме единствените кои тоа го правиме, во тоа сме сепак најуверливи и по бројот на луѓето кои секојдневно го практикуваат плукањето на улица, без сомнение сме во водство. Посебно привлечни се оние р'кањата со накашлување со туберколозен призвук, од кои што на улица автоматски вртите глава и бегате. Позитивната страна кај плукањето е безсрамноста - кога ќе ви дојде, едноставно и без проблеми - си го вадите вишокот од себе.

Пиење кафе

Како на еден Балканец би му објасниле дека кафето се пие на нога, со два потези на шанк? Никако, затоа што тоа не е во нашата култура. Во далечните денови зад нас, од истокот сме ја собрале навиката за пиење кафе која се претворила во навистина забавен и корисен обичај, посебно ако се практикува во работното време, а избегнувањето на обврските е една од работите кои посебно не веселат.

Живот со родителите по триесеттата

Можеби ова не ви се чини како обичај, но ќе ги објасниме сите околности поради кои таквиот начин на живот сме го зеле како обичај. Во повеќето европски земји (и во многу светски), обичај е детето по завршување на факултетот (околу 23 години, бидејќи западњаците во рекорден рок го завршуваат факултетот) да се осамостои, да почне да живее само, без обзир дали се работи за изнајмен или купен на кредит стан. Меѓутоа, ова кај нас не е нормално. Доколку вашите родители немаат недвижнини на располагање, а вие барате работа или работите се и сешто, тешко дека пред триесеттите ќе застанете на свои нозе. Бидејќи на нашите простори ова стана правило и повеќето така живеат, би можеле да речеме дека ни прејде во навика и се претвори во обичај.

Ценкање

Најверојатно никаде на светот не можете да се ценкате, и тоа не само по пазарите и саемите, туку и во продавниците како што можете на Балканот. Нашите трговци обидувајќи се да ги почитуваат европските стандарди во последно време се прават сериозни и важи, но во Грција, Бугарија и Турција ситуацијата е многу поинаква.

Животна филозофија

Ова всушност се однесува на животниот стил. Или: Како? Полека, со лесно, на танане. Битно е да не се напнуваме премногу, без напор. Отприлика вака размислува мнозинството и иако нема да имате проблем да најдете грижливи единки (и нив ги имаме) кои и се предадени на работата, сепак ќе се изгубите во резигнираната толпа која го прави тоа што мора, а за се останато има време. Па видете ги само реките луѓе кои точно на пладне пијат кафе на плоштад и на кеј. Доколку мислите дека се работи само за студенти, сте се заебале - тоа се запослени луѓе (кои имаат време за се).

Знамиња на свадба

Покрај сите свадбени обичаи, како што е запросувањето на невестата, бутање врати, па возење во колона до црква и матично со титкање, па од црква и матично до ресторанот, еден од најбесмислените е веењето на знаме. Свесни сме дека за вкусовите не се дискутира - додека едни сакаат мирна свадба со малку гости, други се фрлаат во трошоци со двеста, триста гости, а на такви свадби незаобиколна работа е знамето. Општобалкански обичај е целото село да знае одека синот или ќерката прават свадба. Затоа, песна и музика ечи цело пладне и цела ноќ. Меѓутоа, оние кои ги сакаат таквите обичаи, кога тогаш ќе ги задржат и ќе ги практикуваат и во западните земји. Така покажуваме од каде сме, а не мора баш сите да знаат. Ама, како што рековме, за вкусовите не се дискутира.

Добрососедски односи

Една од најубавите работи кај балканските народи е друштвеноста, отвореноста, гостопримството. Меѓутоа, доколку не сте гостин, ќе ги забележите добрососедските односи кои владеат и кои се почитуваат. Добро сега, односот може и да се расипе, соседите може да се закараат (па и да се затепаат), но сепак останува посебна карактеристика. Овде има и лоша страна,а тоа е дека премногу го пикаат носот во туѓата работа. Убаво е кога соседот ќе ви донесе свежо испечена пита, па вие ќе го поканите на кафе, малку ќе си помуабетите и ќе пројде времето. Но, не се сомневате дека веќе утре целата улица ќе знае за што сте разговарале. Ова е магијата на добрососедските односи кај нас.

Пцовки

Е тука сме ненадминливи. Нашите пцовки се апсолутно без конкуренција во споредба со остатокот од светот. Нормално, и другите народи пцујат, но не во толкава мерка и толку сочно. Ретко кои би го пцуеле Бог, мајки и слично, но ние таквите именки многу успешно ги комбинираме со уште покреативни атрибути и глаголи, па на крај сето тоа заедно го става на некое место (каде што се одвива дејството во пцовката). Ние Балканците сме махери во пцуење и никој не може да не стигне.

Гостопримство

Гостопримството на луѓето од било кој крај во светот не може да се мери со балканското (или барем ние така мислиме) и тоа е најдобрата карактеристикасо која можеме да се пофалиме. Без разлика во каква материјална состојба е куќата, домаќинот ќе понуди се што може да најде во фрижидерот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2024 06:18