Менаџерите можат полесно да се борат со стресот, доколку сфатат дека стресот е во самите нив. Како резултат на тоа нужно е тие да се познаваат себе и своите особини. Од секој менаџер се бара самосвест, самокритика и самодоверба
Големата одговорност на управувањето со сложени проекти, решавањето на меѓучовечките односи, балансирањето на конфликтните интереси и останатите надворешни притисоци ги доведуваат менаџерите до стресни ситуации.
Во последно време се повеќе се зборува за стресот како менаџерска болест. Како резултат на огромната психичка оптеретеност се јавува стресот. Доколку менаџерот не може да го совлада стресот кој се јавува во текот на работата се јавуваат разни здравствени проблеми како што се пореметувања во крвотокот, депресија, инфаркт ...
Всушност до стрес се доаѓа доколку менаџерот не може да најде некое соодветно решение за проблемите со кои се соочува. Се смета дека одредена количина стрес позитивно влијае на работата. Но, доколку стресната ситуација трае долго тогаш тоа резултира со мал учинок на работното место. Некои менаџери многу добро работат под голем стрес и покажуваат солидни резултати во текот на работата. Големиот напор за нив претставува извор на енергија, па во таа смисла се зборува за позитивен стрес.
Бегање или судир
Хормоните кои се лачат како резултат на стресот поттикнуваат бегање од проблемите или конфликт. Кога ќе се излачат тие остануваат во крвта долго време, а секое ново вознемирување носи дополнителен стрес и тогаш менаџерот за најмала работа реагира со бес и лутина. Обично се зборува за три фази на реакција на стресот. Првата фаза носи тешкотии и страв, а надворешниот притисок е почеток на депресија. Во втората фаза се активира одбрамбениот механизам на организмот и се јавува агресија и депресија. Тогаш во организмот се појавува вишок на енергија. Движењето во оваа фаза може да помогне вишокот на енергија да се потроши. На крај доаѓа фазата на исцрпеност, а ако оваа фаза потрае тогаш лицето кое се наоѓа во оваа фаза може да се соочи со патолошки последици.
Менаџерите можат подобро да се справат со стресот доколку сфатат дека проблемот е во нов, а не околу нив. Затоа е многу важно да се познавате. Да знаете што можете и колку можете. Сапознавањето не е воопшто лесно, а тоа подразбира да се соочиме со самите себе и со сликата која ја имаме за себе. По анализата и откривањето на добрите и лоши страни, самокритичноста и реакциите се најтешки страни.
Анализа на сопствените постапки
Менаџерите често се соочуваат со стресот кога одредена ситуација бара промена на нивното однесување. Самоконтролата всушност е способност за мирно реагирање под стрес. Самоконтролата е основа за продуктивност. Откривањето на сопствените можности и границата на однесување е во склад со тоа.
Потребата за постојано доусовршување на своите постапки е особено важна за да може еден менаџер да разбере зашто тој е добар во една работа, а лош во друга. На тој начин менаџерот ќе може поуспешно да ги координира луѓето чиј претпоставен е тој.
Успешен менаџер знае да се бори против негативните последици од стресот и тоа на следниот начин:
Правилна исхрана (одржување на нормална телесна тежина).
Физичка активност (ова е особено важно за освежување на организмот по стресни ситуации).
Добра временска ориентација (ова е една од најважните вештини на менаџерот во борбата за спречување на стресот, затоа што притисоците на менаџерот може многу да се намалат доколку тој одреди што е приоритет, а што не е)
Kористење на годишен одмор (заостанатите работи не би требало да влијаат на годишниот одмор. Секој менаџер треба да се труди да излезе од секојдневните обврски и да се опушти затоа што тоа е извор на нова енергија)
Kористење на разни техники за опуштање (медитација, јога, релаксација на мускулите и слично).
Стресот настанува како резултат на преголем ангажман. Но, истражувањата покажаа дека менаџерите кои на работното место имаат голем стрес, а уживаат во својата работа и сакаат да работат под притисок, подобро го поднесуваат стресот.
Тоа значи дека одбранбениот механизам им јакне и тие помалку се разболуваат. Но, кога на работното место ќе се јават многу нерешливи проблеми, тогаш се јавува стресот. Во ситуација на стрес без разлика дали се работи за позитивен или негативен стрес и во двата случаи делуваат два биолошки состава.
Едниот состав предизвикува акција и поголема заинтересираност за работата и зголемена продуктивност, а во вториот случај последиците се обратни.
Но сепак кога стресот делува стимулативно кај менаџерите се активира биолошки состав кој го поттикнува мозокот да остане заинтересиран и полн со енергија.