Дрезден е град во германската покраина Саксонија. Таа се наоѓа во долината на реката Елба, околу дваесет километри од границата со Чешка.
Дрезден е еден од најубавите градови во Европа, се издвојува по барокните згради, генерално остатоци од барокната епоха во уметноста. Поради културното и историското значење е познат како „Фиренца на Елба“.
Дрезден е четврт урбан регион во Германија, после Берлин, Хамбург и Келн.
Еден од најзелените градови во Европа, шумите и парковите покриваат 63% од урбаното градско подрачје.
Во Дрезеден треба да ја посетите Богородичната црква, замокот Пилниц, Албертовиот плоштад, операта Земпер.
Доколку се упатите кон дворецот Пилниц, не пропуштајте го возењето со параброд по реката Елба. Оние кои сакаат да шопингуваат, треба да ја посетат улицата Прага, таму можат да се најдат бројни светски брендови.
Посебно внимание ќе ви одвлече фреската со ликот на владетелите на Саксонија, но не ја пропуштајте приликата сами да го истражувате градот. Пешачете колку шрто е можно повеќе и уживајте во прекрасната природа.